Програма Гаранција – прва сеопфатна програма за контрола на квалитетот и количината на горивата
Довербата на нашите потрошувачи е од најголема важност за нас. Затоа во ОКТА ја создадовме програмата Гаранција за контрола на квалитетот и количината на горивата на бензинските станици со брендот ОКТА.
Мобилната лабораторија раководена од тим на независни контролори специјално обучени за оваа намена, спроведува редовни и ненајавени проверки низ целокупната малопродажна мрежа на ОКТА. Според програмата, тие прво изведуваат волуметриска проверка на автоматите за точење гориво. Следниот чекор вклучува квалитативна контрола односно одредување на специфичната густина и температура на испитуваното гориво. По ова се пристапува кон последниот дел од процедурата т.е. мострирањето. Мострирањето се состои од земање примероци кои ќе служат за дополнителна проверка на квалитативните својства на горивата во соодветна акредитирана лабораторија. Анализите на квалитетот на горивата се вршат на самата бензинска станица, но и во лабораториски услови, со што се гарантира веродостојноста на примерокот и проверките.
По завршувањето на проверката и потврдата на квалитетот и количината на горивата, автоматите за полнење гориво на кои се врши контрола се обележуваат со жолта лента за гарантирана количина на која пишува „Проверено”. Секоја бензинска станица што успешно го поминала тестирањето добива и сертификат.
Во ОКТА нашите потрошувачи може да се чувствуваат заштитени и сигурни за секој литар!