Оваа Политика за приватност го регулира начинот на кој ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ ги собира, користи, одржува и открива податоците од корисниците кои ја посетуваат страницата www.puckopetrol.mk ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ се обврзува да ги заштитува вашите лични податоци од неовластен пристап и употреба, спроведувајќи ги стандардите во согласност со законските прописи и подзаконските акти поврзани со заштитата на личните податоци. ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ, со седиште во Пласница, Р. Северна Македонија, е контролор на збирките на лични податоци. ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ ги обработува личните податоци за да ја подобри содржината и функционалноста на веб-сајтот, користејќи ги само податоците доставени од вас. Оваа политика за приватност се однесува исклучиво на веб-страницата на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ и нејзините поддомени. Линковите до други веб-сајтови не се опфатени со оваа политика, а ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ не е одговорен за заштита на личните податоци на тие страници. Вашите лични податоци ќе се користат за да ви бидат обезбедени поволности и ажурирања понудени од ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ.
Податоците може да се собираат кога го посетувате нашиот веб-сајт, аплицирате за работа, присуствувате на настан, давате информации од визит-картичка, се претплатувате на е-вести, ја претставувате вашата организација или поднесувате барање за информации. Ако се одлучите за примање вести и ажурирања, вашата адреса на е-пошта ќе се користи исклучиво за оваа намена. Можете да се откажете во секое време, а вашата адреса на е-пошта трајно ќе биде отстранета од нашата база на податоци. Кога го посетувате нашиот веб-сајт, се најавувате или оставате коментар, може да го побараме вашето име, презиме, компанија, телефон, е-пошта и адреса. Овие информации се користат за да се одговори на вашите потреби и да се обезбеди ефективна услуга и поддршка. Ќе одговориме на пораки или прашања испратени по е-пошта на адресата на испраќачот. Вашата е-пошта нема да се користи за која било друга цел и нема да биде споделена со трети лица освен за одговор на вашето барање.
ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ го задржува правото да ги открие вашите лични податоци доколку тоа се бара со закон или доколку е потребно во законски постапки за да ги заштитиме нашите деловни интереси и оние на нашите корисници. Пристапот до вашите лични податоци во рамките на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ е ограничен на оние вработени на кои истиот им е потребен за да ви ги обезбедат бараните услуги. ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ ги презема сите неопходни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, откривање, обработка и злоупотреба. Податоците собрани од ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ се чуваат во согласност со законот и за периодот потребен за постигнување на целта на обработка. По овој период, тие ќе бидат избришани од системот на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ.
За да одговори на вашите потреби и барања, ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ ќе се обиде да обезбеди 24/7 достапност на својата веб-страница. Меѓутоа, во случај на привремена недостапност или прекини поради технички проблеми или надворешни фактори надвор од контролата на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ, ние не преземаме никаква одговорност и не можеме да гарантираме непречен пристап. Сите податоци и информации објавени на веб- страницата на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ служат само за информативни цели, а ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ го задржува правото да ги менува и обновува согласно постоечките услови и барања. Со оглед на уникатната природа на Интернет, освен ако не е поинаку определено со прописите во Република Северна Македонија, ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ не презема одговорност за прецизноста и веродостојноста на објавените информации и документи. Преземањето, дистрибуирањето, пренесувањето или користењето информации, податоци и слики од веб-сајтот на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ е строго забрането. Нивната употреба е дозволена само за некомерцијални цели и лична употреба, во рамките на одобрувањата наведени веб-страницата на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ.