За нас

parallax background

БИОГРАФИЈА

Пуцко Петрол е компанија основана во 1992 година со седиште во с.Пласница, Македонија. Основна деловна активност на компанијата е трговијата со големопродажба и малопродажба на нафта, нафтени продукти и горива за транспорт и веќе е докажан бренд во нејзиното поле, првенствено поради високиот квалитет на горивото и одличната услуга кон клиентите. Обемот на работа е надополнет и со работата на фабрика за преработка на дрво (пилана) и хотел во центарот на Кичево.

За повеќе од 25 (дваесет и пет) години нашиот оддел за малопродажба им нуди на клиентите гориво со највисок квалитет, одлична услуга и ги задоволува сите барања и потреби на клиентот. Одделот за големопродажба има резерви на нафта и нафтени продукти за компании и институции кои имаат потреба и ги користат нашите производи за транспорт, греење, производство итн.

Моментално компанијата соработува со над 1500 успешни компании кои ги користат нашите производи и услуги врз основа на договори за соработка, вклучувајќи лојалност, доверливост, сигурен извор на понуда и квалитет. Значаен дел од референтната листа се државните служби, јавните комунални претпријатија и Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, универзитети, средни и основни училишта, детски градинки, приватни големи, мали и средни претпријатија, дипломатски и конзуларни претставништва (Амбасада на Обединетите држави, Амбасадата на Република Турција, Амбасадата на Холандија и сл.), која во последниве години довела до уверување дека компанијата има плодна соработка врз основа на квалитетот и усогласеноста на договорот.
parallax background

ВИЗИЈА, МИСИЈА И СТРАТЕГИСКИ ЦЕЛИ

Нашата визија е да бидеме најдобра и најголема нафтена компанија на Балканот која ќе ги задоволи сите потреби и желби на потрошувачите на економичен, безбеден и еколошки начин на транспорт. Ние сме и сакаме да останеме прв избор на купувачот.

Нашата мисија е постојано да постигнуваме повисокo ниво на оперативна исклучителност и да ја доведеме нашата извршност до совршенство. Задоволството и целите на акционерите на компанијата, кои постојано се зголемуваат, се изршуваат со лојална и посветена работа на искусен и стручен тим на вработени. Ние сме посветени на постигнување успешност на деловното работење, фокусирајќи се на следново:

Задоволување на барањата на нашите клиенти; Проширување на нашата мрежа на бензиски станици низ целата земја и Балканот; Одржување на нашиот стабилен систем за управување; Спроведување на најновиот и најдобриот модерен технолошки систем; Одржување најдобриот квалитет на нашите продукти; Одржување на безбедноста на нашата животна средина; Да бидеме водечки снабдувач на услуги во полето за нафта; Изградба на долгорочни односи со клиенти, партнери, добавувачи и влади.
parallax background

СЕРТИФИКАТИ И ЛИЦЕНЦА

Пуцко Петрол поседува сертификати за систем за управување со квалитет и систем за управување со животната средина.

Сертификатот ISO 9001 ја потврдува способноста на компанијата постојано да обезбедува производ кој ги задоволува потребите и очекувањата на клиентите, како и применливите законски и регулаторни барања. Додека сертификатот ISO 14001 ја потврдува одговорноста на компанијата и грижата за животната средина преку воспоставување, спроведување, одржување и подобрување во управувањето со животната средина.

Покрај сертификатите, согласно важечкото законодавство на земјата, компанијата поседува важечки лиценци за:

Трговија со нафта и нафтени продукти и био гориво на домашниот пазар и во странство; Промет на мало со нафта и нафтени деривати преку подружници или отворени бензински пумпи; Лиценца за складирање на гориво во сопствено изградено складиште лоцирано во с.Пласница; Дозвола за превоз на опасни материи; Лиценца за јавен превоз во домашниот транспорт; Лиценца за увоз и извоз на нафта и нафтени продукти.