Политика за приватност

Дома / Terms & Conditions

За да одговори на вашите потреби и барања, ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ ќе се обиде да обезбеди 24/7 достапност на својата веб-страница. Меѓутоа, во случај на привремена недостапност или прекини поради технички проблеми или надворешни фактори надвор од контролата на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ, ние не преземаме никаква одговорност и не можеме да гарантираме непречен пристап. Сите податоци и информации објавени на веб- страницата на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ служат само за информативни цели, а ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ го задржува правото да ги менува и обновува согласно постоечките услови и барања. Со оглед на уникатната природа на Интернет, освен ако не е поинаку определено со прописите во Република Северна Македонија, ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ не презема одговорност за прецизноста и веродостојноста на објавените информации и документи. Преземањето, дистрибуирањето, пренесувањето или користењето информации, податоци и слики од веб-сајтот на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ е строго забрането. Нивната употреба е дозволена само за некомерцијални цели и лична употреба, во рамките на одобрувањата наведени веб-страницата на ДПТУ Пуцко Петрол ДООЕЛ.